сабота, 10. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

За само шест часа полицијата на тетовско подрачје казни 70 возачи за брзо возење

За само шест часа полицијата на тетовско подрачје казни 70 возачи за брзо возење

Полициска контрола на сообраќајот на тетовското подрачје, за шест часа изрекла 70 мерки за пречекорување на максимално дозволената брзина надвор од населено место. Спроведена е акциска контрола за брзина од 11 до 17 часот.

Како што информираат од СВР Тетово, од 70-те мерки, четири се однесувале за пречекорувања поголеми од 70 километри на час, а 34 за пречекорувања од 50 до 70 километри.

– Покрај ова, биле изречени и 39 мерки за пречекорувања на максимално дозволената брзина во населено место. Една од изречените мерки била за пречекорување за над 50 километри на час. При контролата санкционирани се и пет други видови прекршоци, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Контролите продолжиле ноќта на автопатот Тетово – Гостивар со употреба на таканаречениот „ноќен радар“ од 20 до 23 часот, исто така, за брзина. – Во близина на клучката за тетовско Камењане, полициски службеници од тетовската полициска станица за безбедност на патниот сообраќај законски санкционирале 19 возачи, од кои девет ја пречекориле брзината за над 70, а десет од 50 до 70 километри на час, информира Јосифоски.

На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените санкции. (МИА)