петок, 2. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Заматена водата за пиење од водоводот Росоки – Дебар, пред употреба задолжително да се филтрира или преврива

Заматена водата за пиење од водоводот Росоки – Дебар, пред употреба задолжително да се филтрира или преврива

Заматена е водата од водоводот Росоки-Дебар, поради што пред употреба задолжително е да се филтрира или преврива.

Од овој водовод со вода за пиење се снабдуваат Дебар, дебарските села Долно Косоврасти и Рајчица и дел од општина Центар Жупа.

Според одговорните во Јавното комунално претпријате (ЈКП) „Стандард“ до заматување на водата дошло поради обилните и интензивни дождови, присутни повеќе денови, на поширокото дебарско подрачје, што условиле видно зголем дотек на вода во каптажата во село Росоки.

– Ги преземаме сите потребни активности на овој план, вклучително и земањето редовни мостри на вода за анализи од страна на Центарот за јавно здравје, што е врз основа Законот за снабдување со вода за пиење. По дополнителните анализи и од добиените резултати денес има промени во нејзиниот физички состав. Затоа се препорачува водата пред употреба да се филтрира или преврива, иако водата се хлорира непречено. Водата нема хемиски промени и како таква може да се користи превриена, потврдија за МИА од претпријатието.

Препорачуваат корисниците на водата строго да се приддржуваат до препораките се до стаблизирање на состојбата.