среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Започна реконструкцијата на велешката улица „Лазо Осмаков“

Започна реконструкцијата на велешката улица „Лазо Осмаков“

Во Велес денеска започна реконструкцијата на улицата „Лазо Осмаков“, од потегот на спојот со улица „Љубљанска“ до спој со улица „8 Велешка“.

Градежните работи се изведуваат со ангажирање на градежна механизација од различен обем и вид, градежни машини, транспортни средства, механизација за асфалтирање и ваљаци, информираат од Општина Велес.

Воедно појаснуваат дека на лице место денеска била поставена и соодветна сообраќајна сигнализација согласно проект за времен режим на сообраќај одобрен од страна на СВР Велес.

Истиот ќе биде на сила се’ до завршување на градежните работи, информираат од Општина Велес.