четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Засилена акциска контрола во Штип: Полицијата денеска казнила 60 возачи за брзо возење

Засилена акциска контрола во Штип: Полицијата денеска казнила 60 возачи за брзо возење

Денеска (07.07) на подрачјето на СВР Штип спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 60 возачи. Од нив 37 возачи ја пречекориле брзината надвор од населено место и 23 во населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме ди сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.