Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (03.10.) спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Охрид.
-Притоа изречени се вкупно 149 санкции, меѓу кои 40 за пречекорена брзина на движење, 14 за измината важност на сообраќајната дозвола (нерегистрирани возила), 8 за возење без возачка дозвола, а санкционирани се и 14 мотоциклисти, соопштуваат од МВР.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.