Кандидатот за градоначалник на општина Чашка Зоран Здравевски преку статус на Фејсбук пишува дека ќе ги оствари сите реални остварливи проекти во Чашка.
-Почитувани сограѓани,
Со чест и задоволство Ви ја соопштувам мојата кандидатура за Градоначалник на Општина Чашка.
Како кандидат од ВМРО-ДПМНЕ ја разбирам и мојата одговорност пред граѓаните кои очекуваат искрен пристап, реални и остварливи проекти.
Благодарност за укажаната доверба на извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и на Претседателот Христијан Мицковски.
Со почит,
Зоран Здравевски, стои во неговиот пост на Фејсбук.