среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Здравковски: Заеднички да ја замениме неправдата со правда и да ја избереме професорката Силјановска Давкова

Здравковски: Заеднички да ја замениме неправдата со правда и да ја избереме професорката Силјановска Давкова

Стоиме пред сериозен предизвик, Македонија каква што ја сакаме, знаеме и почитуваме ни исчезнува пред нашите очи.  Пред да го направите изборот на 21-ви април за неколку денови, запрашајте се дали е ова земјата во која сакате да живеат вашите деца.  Дали од луѓето на власт се уште можете да очекувате нешто подобро и дали мислите дека ќе ги исполнат нивните ветувања, порачува Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ Велес.

-Дали смееме да ја препуштиме апсолутната власт во рацете на овие луѓе кои за две години успеаја да го урнат сонот на гемиџиите, илинденците и партизаните. Како никогаш порано се откажаа од своите сограѓани за да си ја приватизираат и распродадат државата. Треба сите да се запрашаме каде сакаме и каде ја гледаме Република Македонија. Од една страна имаме кандидат во ликот на Пендаровски кој постојано се повикува на Европската Унија иако веќе очигледно станува дека пристапувањето кон преговорите е се подалеку и покрај  авионските селфи фотографии, бидејќи не е доволно само да си ја свиткаме кичмата и да си ја распродадеме историјата. Позади него стои партија која е стерилна во однос на реформите и сервилна во однос на соседите, вели тој.

Здравковски порачува дека ВМРО-ДПМНЕ  како народна партија нуди кандидат кој пред се е истакнат борец и критичар  на сите негативни случувања во Република Македонија во изминатите дваесетина години во ликот на проф. Д-р Гордана Силјановска Давкова.

-Тоа е жената која е горда Македонка и жена која ќе се залага за правда, правдина, реформи, жена која ќе ја направи Македонија земја на достоинствени граѓани. Прашањето кое ќе си го поставиме сите заедно е дали ќе бидеме пасивни сведоци на разнебитувањето на единствената наша татковина или ќе застанеме одлучно исправени и заеднички ќе одлучиме за нејзината иднина. Ве повикуваме сите во недела на 21-ви април заеднички да ја замениме неправдата со правда, заеднички да ја избереме нашата идна претседателка на никогаш Северна, Република Македонија. Да го заокружиме бројот 2 за професорката Гордана Силјановска Давкова, затоа што овој пат татковината не повикува, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ Велес.