Итната медицинска помош во Берово ќе добие возило за полесен пристап до тешко достапните места. Донацијата ја најави стопанственикот Благој Механџиски кој за подобрување на работењето на Брзата помош обезбеди топла облека, која денес им беше предадена на вработените во беровската медицинска установа.
-Целта на оваа донација е да помогнеме на службата подобро да биде опремена и со тоа да дадеме белег на нивното ажурно работење, бидејки секогаш се присутни во најтешките моменти на најнепристапните места во најболните моменти на луѓето од овој крај. Затоа ние решивме со добра намера да ги „дотераме“ лекарите да бидат на ниво на нивната струка и самата услуга што ја даваат. Нема тоа да биде последна помош и донација бидејки обезбедивме и возило за да го убрзаме делувањето на лекарите во недопирливите планински места, рече Механџиски.
Директорката на ЈЗУ Здравствен Дом Берово, Весна Коловска се заблагодари за донацијата велејки дека лекарите ќе ја оправдаат нивната грижа и хуманост, давајќки се од себе во грижата кон пациентите.
-Почитувани, Најпрвин би сакала да Ве поздравам од мое лично име и од името на вработените во ЈЗУ Здравствен Дом Берово. Во оваа прилика сакам да кажам дека сум пријатно изненадена од хуманиот гест на Господинот Благој Механџиски, сопственик и менаџер на Фармацевстката веледрогерија Зегин, кои години наназад е присутен кај нас и препознатлив по неговите хумани и донаторски гестови. Во текот на денешниот ден во раните утрински часови Господинот Благој Механџиски ги посети вработемите во Итната Медицинска Помош и донираше топли јакни, дуксери, маици и пантолони за вработените во Итната Медицинска помош. ИМП е служба која има цел да ги мобилизира живото загрозените и да ги транспортира до најблиските болници и работи на терени и во просториите на ЈЗУ Здравствен Дом Берово. Со овој гест Господинот Благој Механџиски само ја потврди важноста и го препозна она што го работиме ние и ја донираше оваа опрема како општествено одговорна компанија Зегин. Го користам овој момент да Ви се заблагодарам за се што направивте до сега години наназад со Вашите донации, бевте присутни на терен на пожарите во Малешевијата, не удостоивте како ваши гости на денот на здравјето 7-ми април неколку години наназад и повеќе пати дониравте работни униформи Ви упатувам голема благодарност за беспрекорната грижа, посветеност, енергичен дух и хуманост која ја поседувате Вие и целиот Ваш тим на Зегин Ви посакувам добро здравје и врени достигнувања во иднина, а ние ќе ја оправдаме Вашата грижа и хуманост давајќки се од себе во грижата кон пациентите, рече Коловска.
Во моментот Итната медицинска помош брои околу 13 вработени кои со своите услуги опслужуваат терен од селото Митрашинци до Двориште, а за нив како што истакна медицинската сестра Дафинка Андоновска од голема важност е најавеното возило за достап до непристапните места.
-Возилата наши се при крај со нивната амортизација бидејки се си има рок на траење. Дај боже и други луѓе од Малешевијата да помогнат, секој кој што е финансиски возможен, кој фатил негде во светот, нека помисли дека овде има негови блиски, без разлика дали се родители и пријатели, Oвде остана многу старо и болно население, луѓето бројчано се намалуваат, а ние имаме повеќе работа затоа благодариме и ако друг вака помогне, дали со возило, дали со друга помош, како во Итната помош, така и воопшто во Малешевијата, рече Андоновска.
Претходно со помош на општествено-одговорната компанија беше опремен кабинет во Здравствениот дом во Берово, а во најава е и реновирање на една од собите каде престојуваат лекарите во Итната медицинска помош.