сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Зимската служба Кавадарци го чисти снегот кон Михајлово, Рожден, Бохула, Чемерско и Мајден

Зимската служба Кавадарци го чисти снегот кон Михајлово, Рожден, Бохула, Чемерско и Мајден

Зимската служба на општината Кавадарци го чисти снегот кон патните правци до Михајлово, Рожден, Бохула, Чемерско и Мајден, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

– Службата за дејствување во зимски услови е на терен на повисоките места каде се оформи снежна покривка од 10 до 20 сантиметри. Се интервенира по патните правци до овие планински места, тие во моментов се проодни за сите возила, соопштија од кабинетот на градоначалникот.

Оттаму додадоа дека се започнало и со поставување на комплетно нови канализациони цевки, со дијаметар Ф500 во должина од 500 метри, на улицата ,,12 те другари’’ во кавадаречкото село Ваташа.

– Оваа реконструкција е дел од грантот од германската КФВ банка, а со неа градот Кавадарци ќе биде целосно покриен со колекторски систем. Изведувач на работите е фирмата ,,Жикол”, појаснија од кабинетот на Јанчев.