понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Зрновци ќе добие нов мост изграден со средства од ЕУ

Зрновци ќе добие нов мост изграден со средства од ЕУ

Шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија амбасадорот Самуел Жбогар денеска ќе ја посети општина Зрновци во рамки на кампањата „ЕУ за тебе“, каде ќе биде предаден во употреба мостот обновен со средства од Европската унија.

На настанот ќе присуствуваат и постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП во Македонија Луиза Винтон и градоначалникот на општина Зрновци Блаже Станков, како и претставници на државните институции во чија надлежност е мостот.

Со пуштањето во употреба на мостот ќе биде одбележано завршувањето на транспортната компонента од Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите во 2015 година, за која беа обезбедени 10 милиони евра, а во која што мостот во Зрновци, беше и најголем проект од Програмата имплементирана од УНДП.

Стариот мост кој беше сериозно оштетен, комплетно беше урнат и на негово место се изгради нов мост во должина од 86 метри, вреден над 43 милиони денари (800.000 евра) обезбедени од ЕУ.

Според агендата, евроамабасадорот Жбогар денеска во Зрновци ќе ја посети и градинката „Бисерчиња“, која исто така беше реновирана со средства од ЕУ.(МИА)