вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Абази: Царовска го политизирала образованието, го одбила предлогот за формирање на албанска паралелка во „Владо Тасевски“

Абази: Царовска го политизирала образованието, го одбила предлогот за формирање на албанска паралелка во „Владо Тасевски“

На денешната седница во Советот на Град Скопје советничката и заменик градоначалник Бујаре Абази ја обвини поранешната министерка за образование Мила Царовска за непрофесионалност, неодговорност и политизирање на образованието во врска со давањето согласност за формирање на паралелка со помал број на ученици во учебната 2021/2022 година во средното училиште на Скопје, Владо Тасевски.

„На 14 септември, директорот на средното училиште “Владо Tасевски” упатил барање до министерството за отварање на паралелката каде Министерството за образование одговара негативно и не дозволува да се отвори паралелка. На 24-ти септември е испратено уште едно барање до министерството кое повторно е одбиено од страна на министерката Царовска, истака Абази.

Таа вели дека кога станува збор за ученици и образование кое претставува здрава клетка на едно општество, срамота е Министерството да го политизира процесот.
„Барам одговорност од директорот на школото од редовите на СДСМ, заменик директорот од редовите на ДУИ и министерката Царовска“, истакна Абази.

Абази со своето обраќање посочи дека ваквите одлуки се доказ за големата непрофесионалност и неодговорност на Министерството за образование.

„Дали треба да се казнат сите тие кои не им овозможија на учениците да ја завршат годината согласно законските одредби во Македонија?, праша Абази.