среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

„Адвокатската улица“ доби нов изглед

„Адвокатската улица“ доби нов изглед

Општина Центар заврши со реконструкцијата на „Улица 2“, „Станбена 3“ и „Пешачка улица 102а“, кои заедно ја сочинуваат таканаречената „Адвокатска улица“.

Стариот и дотраен асфалт на коловозот се заменува со нов, висококвалитетен, на вкупна површина од 1270 метри квадратни.

Изведени се нови рабници од двете страни на тротоарите, поставен е долен строј на улицата и изведена е нова атмосферска и водоводна канализација.