Аеродром доби уште едно современо спортско игралиште на кое сите наши жители ќе можат да спортуваат, да се дружат и да создаваат спомени за паметење.
Спортското игралиште кое е сместено во срцето на Ново Лисиче го носи името на нашиот прерано починат Никола Христовски – Кољо. Со ова игралиште споменот за Никола ќе трае вечно.
Се грижиме за секое катче, секој жител на општината добива најсовремени услови за спортување веднаш до својот дом, а Аеродром гордо го носи епитетот најспортска општина.