недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Аеродром е хумана општина: Донирани 500.000 денари за справување со последиците од невремето во Делчево

Аеродром е хумана општина: Донирани 500.000 денари за справување со последиците од невремето во Делчево

На предлог на претседателот на советот на Општина Аеродром, Дејан Митески и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Советот на општината денеска донесе одлука за донирање 500.000 денари од буџетот на општината, во насока на справување со последиците од невремето кое ги зафати неодамна Делчево и околината.

„Аеродром е хумана општина и таа хуманост е потврдена досега во повеќе наврати. Помошта и поддршката во овој момент е важна за граѓаните на Делчево, а Општина Аеродром на ваков начин дава придонес кон санација на последиците и враќање на нормалното живеење во градот.

Упатуваме апел до сите поединци и организации да го следат овој пример и во рамки на своите можност да дадат материјална и техничка помош и поддршка за нашите сограѓани“ – велат од општината.