сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Аеродром и Лисиче 20-тина минути без струја поради проблем во ТС „Скопје 4″

Аеродром и Лисиче 20-тина минути без струја поради проблем во ТС „Скопје 4″

Во националниот диспечерски центар во 19:02 часот е регистрирана безнапонска состојба на извод што ја напојува општина Аеродром од трансформаторската станица „Скопје 4″, информираат од АД МЕПСО.

Оттаму посочуваат дека безнапонската состојба траела до 19:20 часот кога Операторот на дистрибутивниот систем од друга страна го обезбедил напојувањето за населба Аеродром.

Екипи на МЕПСО се на терен за утврдување и отстранување на дефектот.