среда, 31. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Аеродромци и денеска на протест пред Мајчин дом

Аеродромци и денеска на протест пред Мајчин дом

Група граѓани и денеска повторно протестираа против изградба на зграда кај парцелата до Мајчин дом во скопската населба Аеродром.

Парцелата на која е предвидена изградба на осумкатница е обезбедувана од полиција и од приватно обезбедување на инвеститорот, а зад тарабите тревата веќе ја нема и е ископана мала дупка.

Протестите немаат официјален организатор, но како негови поддржувачи се јавуваат неколку неформални граѓански иницијативи, меѓу кои и локалната „Сакаме Аеродром да дише“ која беше формирана во периодот кога спорниот ДУП И-10 беше донесен пролетта 2016 година.

Од граѓанската иницијатива „Сакаме Аеродром да дише“ велат дека не се изненадени од денешниот потег на Општината за паузирање на изградбата на парцелата кај Мајчин дом, бидејќи нешто слично направил и поранешниот градоначалник Ивица Коневски, кога граѓаните протестирале против носење на ДУП-от, но дека тие и понатаму ќе продолжат да се борат.

Револтираните граѓани и понатаму го искажуваат своето незадоволство на социјалните мрежи и групите за заштита на природната средина во Аеродром.