петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Албанците од Љуботен крајно незадоволни од градоначалникот на Бутел, најавуваат протести

Албанците од Љуботен крајно незадоволни од градоначалникот на Бутел, најавуваат протести

Месната заедница на село Љуботен утрово испрати писмо до градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски во кое помеѓу другото наведува дека тој нема исполнето ниту 1% од она што го ветил предизборно на локалните избори во 2017 година, исто така жителите на село Љуботен тврдат дека Велимир Смилевски предизбоно потпишал некаков договор со селаните пд ова село обврзувајкисе дека ќе ги реализира сите ветени проекти, сигурно де работи за уште една груба манипулација на жителите на ова село бидејки вакви договори не се пракса во предизборните ветувања.

Љуботенци се гневни на Велимир Смилевски и најавуваат големи протести доколку градоначалникот на Бутел не го реализира тоа што го ветил, уште повеќе се лути за тоа што на локалните избори во 2017 година тие масовно му ја дадоа својата подршка при што на очиглед е грубо злоупотребена.