четврток, 1. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

АНАЛИЗА: Зошто Центар стана полоша општина за живеење изминативе 4 години? (втор дел)

АНАЛИЗА: Зошто Центар стана полоша општина за живеење изминативе 4 години? (втор дел)

Анализата за стагнацијата и уназадувањето на квалитетот на животот за граѓаните во општина Центар продолжува со состојбата во скопската населба Пролет.

Дечињата од оваа населба немаат градинка на овој дел од општината, па мораат да бидат носени во околните населби или во соседните Аеродром и Кисела Вода. Иако пред повеќе од една година актуелниот градоначалник бомбастично најави изградба на детска градинка од соништата, на јаве ситуацијата е сосема поинаква. Градинка нема.

Едно од најголемите политичко-правни измами во историјата на локалната власт во Македонија беше и таканаречениот мораториум за градење во Центар со кој сепак, на одредени субјекти, им беше оставено да градат.

Деновиве дел од лицата и јавно проговорија дека биле предмет на уцени и им биле барани пари од актуелниот градоначалник, но како и за сите сомнежи за корупција на актуелната власт, обвинителството по обичај си молчи.

Круната на лагите на Богдановиќ е изградбата на новиот спортски храм на КК Работнички, најтрофејниот македонски кошаркарски клуб. Повторно како и Шилегов, Богдановиќ излегуваше во јавноста со графички прикази како ќе изгледа новата сала, а во реалноста на постоечката сала и падна кровот па така КК Работнички сега тренира и се натпреварува во салата Кале.

Клубот ова го доживува во време кога Богдановиќ кој себеси се декларира како страстен навивач на Работнички да биде принуден поради неговата неспособност да не настапува на својата препознатлива локација во Градскиот Парк.

Продолжува…