Советничката во Советот на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 му порача на советникот од СДСМ, дека они во 82 дена направиле многу повеќе за Град Скопје од сите четири години власт на поранешниот градоначалник Петре Шилегов.
„СДСМ не е 100 дена на власт, не е една година на власт, СДСМ е 5-та година на власт, а до пред три месеци ја имаше целокупната власт. Значи не ја замајувајте јавноста дека нешто може да се направи за само три месеци“, рече Андоновска.