Ѓоспоѓо Александар,
Секое ваше појавување на говорница е проследено исклучиво со лаги,манипулации и навреди.
Ги навредивте возачите на ЈСП, работниците, спортските клубови и кој уште не.
Потоа откако луѓето реагираат на искажаните лаги и навреди од твоја страна, одиш се извинуваш и молиш за да ти простат.
Да,така треба, правилно е да побараш прошка за навредите и лагите кога си згрешил, но треба да престанеш тоа да го повторуваш.
Не може излези на говорница изназбори лаги и навреди и оди плачи после кај оние кои си ги налутил.
Искрено мене би ми било срам да сум на твое место и да си правам сам приказна како сум исплашен од жена.
Сепак, колку и да ги сечеш видеата и да правиш конструкции, никогаш нема да ја замолчиш ВИСТИНАТА, ниту пак мене која ќе остане доследна во цврстите определби дека Скопје треба да биде убав и модерен град. Ниту пак ќе престанам да ве потсетувам сите вас кој раководите со градот Скопје и кои имате функции, дека треба да се работи, а не да се лаже, манипулира, навредува и одработува!
Џабе правите дефокус од вашата неспособност, тука сме секогаш да ве потсетиме дека треба да се работи за Скопје!