понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Андоновски: БРТ заменуваше една линија, а ние имаме концепт да се поврзе секое населено место со јавен превоз

Андоновски: БРТ заменуваше една линија, а ние имаме концепт да се поврзе секое населено место со јавен превоз

И проектот набавка на 250 автобуси нема да се случува веднаш или за шест месеци, туку ќе оди етапно, или контиуирано ќе се спроведува 4 години. И за 4 години очекувам да имаме 250 ноови, и наредната година ќе има набавка на дел и прво ќе бидат на гас, а потоа на електричен погон, рече Стефан Андоновски, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје во гостувањето на телевизија Телма во емисијата Топ тема.

Тој посочи дека како алтернатива можеби треба да има поделба на ленти како во европските градови или посебна лента.

-Една лента да биде за автобуси. Нешто што што постоеше, ама не се спроведуваше целосно, рече Андоновски.

Тој посочи дека концептот е да нема заборавена населба, а БРТ ја заменува само линијата 5.

-Почести автобуси, повеќе линии тоа треба, а БРТ не го решава проблемот. БРТ не решава многу проблеми, нема многу одговори и за самиот БРТ. Тоа е само дека ќе биде зелен транспорт, но одговор нема за ништо друго, рече Андоновски.