„Програмата „За Модерно Скопје“ повторно не се реализира. Односно повторно ние нешто бараме дополнително од она кое што го немало во програмата, а го има во програмата. Точно кажа градоначалникот на пет локации кои веќе се определени во Гази Баба, Чаир, Аеродром, Кисела Вода и Ѓорче Петров предвидуваме создавање паркови по примерот на Градски парк. Колку паркови минатата година се подигнати? Дали секоја година по еден парк ќе подигнуваме? И дали ќе стасаме во овие четири години да ги подигнеме сите овие паркови кои што се во програмата „За Модерно Скопје“. И повторно одиме на моментот дека се ќе се работи ин хаус освен ПР-от на градоначалник и консултанските услуги“, нагласи Емилија Ангелова, советничката во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница по однос на амандманот со архивски број 27 – 14410/5 поднесен од група на советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.
Таа посочи според градоначалникот само консултантските услуги и ПР-от не можат да одат ин хаус, туку треба да се плаќаат консултанти надвор од институцијата.
„Бидејќи ова беше дел од програмата како еден од клучните приоритети сметаме дека овие предвидени средства од 7 милиони кои што се одземаат од сметката, односно од програмата Г1 поддршка на локалниот економски развој ставка 426 и се предвидува проектирање на нови мега паркови во општина Аеродром, Кисела Вода и нов мега парк помеѓу „Христијан Тодоровски Карпош“ и улица „Хошимин“ во општина Бутел се оправдани и заслужуваат граѓаните да ги добијат овие мега паркови. Повторно нема да се направи никаков дисбаланс на планираните приходи и расходи, така да сметам дека овој амандман треба да биде усвоен практично да биде изгласан од сите советници“, рече Ангелова.