ЈП Водовод и канализација – Скопје постави апарат за наплата на сметките во ТЦ Капитол, во Аеродром.
Апаратот е поставен на вториот кат во трговскиот центар, во делот за банкомати.
-Реализацијата на оваа активност е дел од планот на претпријатието за имплементација на процесот на дигитализација со цел доближување на услугите до своите корисници. Корисниците на услугите на претпријатието на овој тип на апарати, имаат можност да направат преглед на сметките и да извршат уплата за истите со користење на „мастер“ и „виза“ картичките од сите банки, велат од јавното претпријатие.
Досега вакви апарати се поставени во дирекцијата на претпријатието, во одделението за грижа на корисниците на ЈП Комунална хигиена и во ГТЦ на приземје. Покрај оваа можност, корисниците можат да пристапат до електронските услуги на ЈП Водовод и канализација – Скопје на веб страната на претпријатието и мобилната апликација достапна за Android и iOS
-Во тек е акцијата за наплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање со можност за склучување на договори за рати, до 48 за физички и до 24 рати за правни лица, која трае до 15.03.2022. Ги повикуваме корисниците кои имаат заостанати долгови, да ја искористат оваа можност што е можно порано, со цел да се избегнат гужвите во текот на последните денови, велат од таму.