Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не присуствуваше на трета седница по ред за советнички прашања. Советниците и денеска останаа без одговори на прашањата.
Арсовска наместо да дава конкретни одговори за состојбите во Градот, вршеше увид на велосипедските патеки на Водно.
-Ова е трета седница по ред на советнички прашања како што градоначалничката Арсовска не е присутна. Шест месеци таа не е присутна на советнички прашања, ниту на било која седница на овој Совет на Град Скопје, вели координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје, Андоновска.
Со Арсовска на настанот на Водно присуствуваше и секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров кој потоа уредно се појави на седницата.