вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Арсовска повторно не дојде на седницата за советнички прашања, советниците остана без одговори

Арсовска повторно не дојде на седницата за советнички прашања, советниците остана без одговори

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не присуствуваше на трета седница по ред за советнички прашања. Советниците и денеска останаа без одговори на прашањата.

Арсовска наместо да дава конкретни одговори за состојбите во Градот, вршеше увид на велосипедските патеки на Водно.

-Ова е трета седница по ред на советнички прашања како што градоначалничката Арсовска не е присутна. Шест месеци таа не е присутна на советнички прашања, ниту на било која седница на овој Совет на Град Скопје, вели координаторката на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје, Андоновска.

Со Арсовска на настанот на Водно присуствуваше и секретарот на Град Скопје, Зоран Глигоров кој потоа уредно се појави на седницата.