недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Асфалтиран крак 3 од улицата 81 во населено место Волково- продолжуваме со градежни активности за нови улици во населеното место Стопански Двор

Асфалтиран крак 3 од улицата 81 во населено место Волково- продолжуваме со градежни активности за нови улици во населеното место Стопански Двор

Екипите на ЈП “Улици и патишта” по налог на Град Скопје денес го асфалтираат кракот 3 од улицата 81 во Волково. На вкупна површина од 840 метри квадратни се асфалтира кракот 3 од улицата 81 која е со должина од 240 метри и широчина од 3.50 метри.

Изминативе денови беа изградени крак 1 и крак 2 од улицата 81 во вкупна површина од 1300 квадратни метри и со завршното асфалтирање на последниот крак од улицата 81, екипите се пренасочуваат со изградбата на нови улици во населеното место Стопански Двор.

Од почетокот на оваа градежна акција, асфалтирани се улиците 46, 46А, 68, 4, 6 и 10 во населеното место Кисела Јабука, улиците 3, бб, 73, 21, 23, 77, улица 100 десен крак и крак 1 и крак 2 од улица 81 во населеното место Волково, како и улица 1 лев крак и улица 1 десен крак во населенoто место Ново Село.