вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Скопје

БЕГ: Нормализирана испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во општина Аеродром

БЕГ: Нормализирана испораката на топлинска енергија за дел од потрошувачите во општина Аеродром

Од 13 часот нормализирана е испораката на топлинска енергија на потрошувачите во општина Аеродром кои поради дефект на вреловод во утринските часови останаа без парно греење, информираат од БЕГ.

-Екипите на Дистрибуција на топлина Балкан енерџи интензивно работеа на санација на дефектот и беше завршен во најкраток можен рок. Од 13:00 часот, нормализирана е испораката на топлинска енергија за потрошувачите, соопшти БЕГ.

Поради дефект на вреловод во општина Аеродром, во утринските часови навремена испорака на топлинска енергија не добија објектите со број 24, 26, 30, 32, 34, 36, 38, 40, 48, 50, 54, 56, 58, 60, 62, 70, 72, 74 и 76 на булеварот „Јане Сандански“, објектот на улицата „Васко Каранѓелевски“ ББ, зградите со број 45 и 47 на улицата „Трета македонска бригада“ и објектите со број 4, 10, 12 и 16 на улицата „1615“.

Од БЕГ посочуваат дека потрошувачите можат да се обратат за дополнителни информации во Центарот за грижа на потрошувачи на тел: (02) 3076 200.