ЈП „Градски Паркинг“ – Скопје информира дека утре, по повод Денот на народното востание над фашизмот, јавните паркиралишта ЗОИЛ, Тутунски комбинат и 8-ми Септември, ќе бидат слободни за паркирање, односно нема да се врши наплата.
-Јавните површини наменети за паркирање (зонските паркиралишта), исто така, ќе бидат слободни за паркирање, освен зона А0 (Водно), каде што продолжува со редовно работно време 09:00 – 16:00 часот, додека, пак, јавните паркиралишта: Дом на печат, Народен фронт, АМСМ, Кочо Рацин, Градска болница, Клинички центар „Мајка Тереза“, Треска, како и катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“, ќе работат со редовно работно време од 00:00 до 24:00 часот, соопштуваат од ЈП Градски паркинг – Скопје.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје, им го честита на граѓаните утрешниот празник – 11 Октомври!