сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без електрична енергија делови од неколку скопски општини

Без електрична енергија делови од неколку скопски општини

Без електрична енергија денеска ќе останат делови од неклку скопски општини и населби.

Како што информираат од Центарот за управување со кризи во период од 10 до 11 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од село Долно Лисиче, односно делот кон пругата и Драчево, оштина Аеродром и Кисела Вода.

Во период од 09 до 12 дел од улица „Кичевска“ бр.28, општина Ѓорче Петров и во период од 08:30 до 15:30 часот корисниците на село Средно Коњари, сред село и околните улици, општина Петровец.

Од ЦУК дополнителнително информираат дека поради двоење во шахти на улица „Гемиџиска“ во населба Железара, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09 часот до завршување со интервенцијата. (МИА)