понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја дел од општините Аеродром и Сарај

Без струја дел од општините Аеродром и Сарај

Делови од општините Сарај и Аеродром во различни периоди од денов ќе останат без електрична енергија.

Како што информира РЦУК – Скопје, од 09.00 до 11.00 часот струја нема да имаат корисниците од дел од ТЦ Скопјанка и зградите помеѓу булеварите „Кузман Јосифовски – Питу“ и „Јане Сандански“, а од 09.00 до 14.00 часот корисниците од дел од улицата „Арх. Сотир Томовски“, дел од улицата „Мите Богоевски“ и дел од улицата „Жорж Бизе“ во Аеродром.

Од 08.30 до 15.00 часот без струја ќе бидат корисниците од селото Крушопек, општина Сарај, од 08.30 до 11.00 часот корисниците од улиците „Димитар Благоев“ и „Ѓорги Андреевиќ Кун“, додека од 12.00 до 14.00 часот корисниците од дел од булеварот „Србија“ – фирмите „МИКРО АСУ“, „ЕУРОПАП ДОО“, „КАСА ЛОКС ДОО“ во општина Аеродром.