сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја делови од Брњарци и Илинден

Без струја делови од Брњарци и Илинден

Без напојување со електрична енергија денеска ќе бидат корисниците во делови од Брњарци и Илинден, информира РЦУК по известување од „ЕВН Македонија“.

Во периодот од 7 до 9 часот без струја ќе бидат корисниците од „Арс-Комерц“ („Веса Компани“) пред мост за Арачиново, ЗИК „Краварство“ и селото Брњарци во Општината Арачиново.

Од 08.30 до 11.30 часот, пак, без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците бр. 2, 3, 5, 6 и 7 во Илинден.