недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја делови од Бутел, Ѓорче Петров и Центар

Без струја делови од Бутел, Ѓорче Петров и Центар

ЕВН Македонија АД известува дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од Бутел, Ѓорче Петров и Центар, додека утре (13 октомври) без струја ќе бидат граѓани од Карпош.

Без струја денеска во периодот од 6:00 до 15:00 часот, ќе бидат дел од корисниците од населбата Визбегово, дел од корисниците од ул.2, како и дел од објектите лоцирани околу фирмата Пантер – Мис во Општина Бутел.

Од 09:00 до 14:00 часот, ќе бидат корисниците од ул. Лихнида лоцирани во близина на СУГС Кочо Рацин во Ѓорче Петров.

Од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците од бул. Теодосиј Гологанов лоцирани на потегот од Католичката Црква до ул. Аминта Трети, како и дел од корисниците од ул. Костурски Херои во Општина Центар.

ЕВН Македонија АД информираат дека утре, 13 октомври без електрична енергија во периодот од 9:00 до 13:00 часот, ќе бидат корисниците од ул. Стогово, како и дел од корисниците од ул. Козле во Карпош.