петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја делови од Ѓорче Петров, Чучер Сандево и Карпош

Без струја делови од Ѓорче Петров, Чучер Сандево и Карпош

Поради технички интервенции во електро дистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат неколку улици во општините Ѓорче Петров, Чучер Сандево и Карпош.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Град Скопје, во период од 8:30 до 10:30 часот без струја ќе биде дел од село Орман во општина Ѓорче Петров.

Од 8:30 до 13:30 часот дел од дел од улица „Призренска 2“ од автобуската кон Побожје во село Кучевиште, општина Чучер Сандево и во период од 9 до 12 часот дел од улица „Миле Поп Јорданов“, со бр. 41, 43, 45, 47, и 49 (А и Б) во општина Карпош.