недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја делови од Ѓорче Петров и Карпош

Без струја делови од Ѓорче Петров и Карпош

Од 8.40 до 15 часот денеска струја ќе немаат корисниците од селата Грачани, Караула Чашка и рудник Радуша во општина Ѓорче Петров, соопшти РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД.

Од 10 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат корисници од бул. „Партизански одреди“ бр. 102 (зградата веднаш до бензинската пумпа „Окта“) во Карпош.

Во оваа општина од 16 до 18 часот струја ќе немаат и корисниците околу болницата „Систина“, бензинската пумпа „Лукоил“ и компанијата „Фонко“.