среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја делови од село Ново Село, Хром, Усје, Драчево и Зелениково

Без струја делови од село Ново Село, Хром, Усје, Драчево и Зелениково

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, информира дека денеска поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од село Ново Село, Општина Ѓорче Петров, населбите Хром, Усје, Драчево и дел од село Зелениково.

Без струја од 08:30 до 13:00 часот, ќе бидат корисниците од дел од ул. „Волковска“ во село Ново Село, Општина Ѓорче Петров. Поради активности за поставување на кабелски електричен вод, екипите на ЕВН Македонија на дел од улицата „Волковска“, во населено место Ново село, во текот на денот во временски периодот од 8 часот наутро до 13 часот попладне, ќе воведат времен режим на сообраќај. Времениот режим ќе биде обележан со соодветна сообраќајна сигнализација.

Од 09:30 до 11:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од населбата Усје, Општина Кисела Вода, од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. „Манчу Матак“ во населбата Хром, Општина Ѓорче Петров), од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од ул. „Румена Хаџипанзова“ во населба Драчево, Општина Кисела Вода и од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од село Зелениково.