сабота, 3. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја делови од Скопје

Без струја делови од Скопје

Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Сопиште и ЧучернСандево, соопштуваат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 08:30 до 10:00 часот без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Гиго Михајловски“ во општина Карпош.

Во периодот од 09 до 14 часот без струјата ќе бидат корисниците од улиците 21, 24 и 29 во селото Сопиште, а од 09 до 15 часот без напојување со електична енергија ќе останат корисниците од селото Долно Блаце и основното училиште во ова село.

Во периодот од 10:40 до 14:50 часот без струја ќе бидат корисниците од улицата „Петре Пирузе“, Општина Карпош.