сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја делови од Скопје и околината

Без струја делови од Скопје и околината

Центарот за управување со кризи известува дека денеска ќе има прекин на електрична енергија во делови од Скопје.

Прекин на електричната енергија ќе има на дел од улиците два, четири, девет и десет и дел од улицата „Добре Ивановски“ во Инџиково, општина Гази Баба, во периодот од 08:05 до 12:00 часот.

Без струја ќе бидат и дел од селото Грчец, општина Сарај, од 08:30 до 15:00, дел од селото Волково, од 09:00 до 14:00 часот, како и дел од улицата Анкарска (парни броеви до број 20), Карпош, во периодоот од 10:00 до 15:00 часот.