понеделник, 5. февруари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја денеска дел од Сарај, Ѓорче Петров, Сопиште, Кисела Вода, Чаир

Без струја денеска дел од Сарај, Ѓорче Петров, Сопиште, Кисела Вода, Чаир

Без електрична енергија денеска во периодот од 05:00 до 09:30 часот ќе бидат корисниците во селата Љубин, Горно и Долно Свиларе, Рашче, Бојане, Радуша, Дворце, Орашје и Кондово ( општина Сарај ) Кучково и дел од корисниците од Волково (општина Ѓорче Петров).

Од ЕВН Македонија АД информираат дека без струја денеска во периодот од 09:00 до 12:00 часот ќе бидат корисниците од ул. 2 во село Долно Соње, (општина Сопиште ), во периодот од 09:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. Славка Динкова во нас.Драчево. (општина Кисела Вода), во периодот од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од ул. Џон Кенеди бр.5 и ул.Серава од бр.89 до бр.143 во. (општина Чаир), во периодот од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Панајот Гиновски. (општина Ѓорче Петров).