четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја корисници од неколку скопски општини

Без струја корисници од неколку скопски општини

Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, денесека без електрична енергија ќе останат корисници од скопските општини Илинден, Арачиново, Карпош, Сопиште, Студеничани и Ѓорче Петров.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје денеска од 08 до 15 часот, без струја ќе бидат селата, Бучинци и Бујковци, и село Грушино. Без струја денеска од 08:30 до 12 часот ќе бидат корисниците од зградата бр. 64 на булевар „Партизански одреди“, 09 до 12 часот, од улица бр. 4 во село Бардовци, 09 до 13 часот, од улица „Влае“, а од 09 до 16 часот, корисниците од селата Јаболци, Држилово и Патишка Река, како и Елово, Црн Врв, Осинчани, Црвена Вода и Малчиште.

Во понеделник од 09 до 11:30 часот, без струја ќе се корисниците од дел од улица „Жеденска“, поточно само парните куќни броеви.