сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја повеќе улици во Ѓорче Петров и дел од Бунарџик

Без струја повеќе улици во Ѓорче Петров и дел од Бунарџик

Без струја денеска ќе бидат повеќе улици во Ѓорче Петров и село Бунарџик во Општина Илинден, информираат од Центарот за управување со кризи.

Според известувањето од „ЕВН Македонија“ АД во Ѓорче Петров од 9 до 09:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улица „Лесновска“, од 9 до 14 часот, корисниците од улиците „Атанас Иљоски“ и „Борис Сарафов“, дел од корисниците од улица „Радушка“, како и дел од корисниците од улица „Црногорска“ лоцирани кон пругата. Од 10:30 до 15 часот, пак, без струја ќе бидат и дел од корисниците од улица „Христо Батанџиев“.

Во Илинден, без струја во периодот од 09:50 до 11:30 часот ќе бидат дел од корисниците од село Бунарџик.