среда, 17. јануари 2024. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја реонот кај „Хубо Маркет“ во Карпош и Долно Соње

Без струја реонот кај „Хубо Маркет“ во Карпош и Долно Соње

Поради планирани технички интервенции во електродистрибутивнта мрежа денеска без електрична енергија ќе бидат дел од корисниците во реонот кај „Хубо Маркет“ во Карпош и во селото Долно Соње.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, врз основа на добиените информации од „ЕВН Македонија“ во период од 10:30 до 14:30 без струја ќе бидат објектите на булевар „8-ми Септември“ од крстосницата со улица „Скупи“ до мостот на Вардар од страна на „Хубо Маркет“ во Општина Карпош.

Од 8 до 12 часот, пак, без напојување со електрична енергија ќе бидат и дел од корисниците на село Долно Соње во Општина Сопиште.