Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија утре ќе бидат делови од Зелениково и Студеничани.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, од 8 до 13 часот без струја ќе бида корисниците од дел од село Градовци, Oпштина Зелениково, а од 9 до 13 часот, корисниците од дел од село Долно Количани, делот кон гробиштата, Oпштина Студеничани.
Во вторник, без струја ќе бидат корисниците од селата Миладиновци, Текија и Дељадровци во Општина Илинден од 08:30 до 15:30 часот. (МИА)