петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја утре делови од Гази Баба и Арачиново

Без струја утре делови од Гази Баба и Арачиново

Од 4:00 до 7:00 часот утре без струја ќе останат објектите на фирмите во кругот на поранешниот МЗТ, индустриските објекти околу кванташки пазар и сите индустриски објекти на улица „Перо Наков“.

Без струја во истиот период ќе бидат и дел од корисниците од населените места: Маџари, Сингелиќ, Стајковци, Хиподром, Трубарево, Јурумлери и Арачиново.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа. (МИА)