сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Без струја утре делови од општините Карпош, Аеродром и Сопиште

Без струја утре делови од општините Карпош, Аеродром и Сопиште

Корисниците од село Бардовци во општина Карпош утре од 8.30 до 9 часот ќе бидат без електрична енергија поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известување добиено од „ЕВН Македонија“.

Како што соопшти РЦУК, утре од 9 до 12 часот струја ќе немаат и корисниците од ул. бр. 1 во село Горно Соње, општина Сопиште, од 9 до 13 часот корисниците од ул. „Венијамин Мачуковски“ бр. 34 во општина Аеродром и од 14.30 до 16.30 часот – корисниците од ул. бр. 27 во село Сопиште во општина Сопиште.