Поради улучен дефект на водоводна цевка без вода од попладнево се неколку улици од населбата Аеродром, информираат од ЈП Водовод и канализација.
„Ве известуваме дека на ден 03.12.2018.поради уличен дефект од Ф-100мм на Булевар Кузман Јосифофски Питу 15 во населба Аеродром, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците Владимир Комаров, Бојмија, К.Ј.Питу и Т.Ц.Скопјанка од 15:00 часот до санирање на дефектот”, се вели во известувањето од ЈП Водовод и канализација.