Општина Кисела Вода ве повикува да бидете дел од утрешниот патронат на Општината „Св. Ѓорѓија – Низ приказната за Кисела Вода”.
-Годинешното празнување ќе се одвива пред Домот на култура “Билјана Беличанец”- Кисела Вода со почеток во 18:00 часот. Програмата содржи низа културно-забавни случувања кои ги допираат сите генерации, информираат од Општината.
Во Домот на културата ќе биде отворена изложба на плакати и фонтови од Лазе Трипков и Ласко Џуровски, детската актерска екипа од “Дајте музика”, од училиштето за деца актери на Весна Бејби Петрушевска, ќе изведе театарска претстава во чест на Горан Стефановски, музичко-сценски настап ќе има Виктор Апостоловски – “Супермен”, а за крај е предвиден музички сет на Ди Џеј Манов.
Во склоп на настанот, здружението “Гоу Грин” ќе има еко перформанс. Имено активистите од оваа организација ќе возат велосипеди, а струјата што на тој начин ќе ја произведат ќе се искористи за озвучување на настанот.
Општината ги покануваа сите жители, но и сите останати кои сакаат да поминат една убава вечер, да бидат дел од празнувањето на патрониот празник на Општина Кисела Вода.