Градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев, се пофали со тоа што му е работа, дека го исчистил снегот. Иако тоа е негова должност, дури и за тоа што се пофали на Фејсбук, не е сработено.
„Комуналните служби работат на расчистување на паднатите гранки и дрвја во сите населби, со цел да се олесни движењето на граѓаните.
Паралелно, се чисти снегот и пред градинките, основните училишта и други пофреквентни места.
Вчеравечер, зимската служба истури сол на повисоките места како Жданец, Трнодол и долж улицата „Ловќенска“ (Козле).
Да бидеме одговорни учесници во сообраќајот“, напиша градоначалникот на својот профил.
Граѓани од Трнодол и Жданец утрово ја контактираа редакцијата на КУРИР.
-Градоначалникот лаже. Вели чистел, а ние ќе се лизгаме со автомобилите и не можеме ни пешки да отидеме до продавница. Ништо не е исчистено, вели еден граѓанин.
-Вака исчистиле во Трнодол. Единствено што е тргнато од снегот е тоа каде што автомобилите поминувајќи направиле со гумите некој пат за поминување. Ова е срамота, секогаш после снег сме оставени како отсечени, вели друг граѓанин.
Граѓаните кои ја контактираа нашата редакција ни испратија и фотографии.
„Вака ли го исчистивте снегот градоначалнику?“ – прашуваат тие.