Корисниците од улицата „103“ во село Волково утре од 9:00 до 15:00 часот ќе останат берз напојување со електрична енергија.
Од 8:35 до 11:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од селата Миладиновци, Текија и Дељадровци.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната електро мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.