ЦУКС известува дека во овие утрински часови поголем број возила се забележуваат долж неколку булевари и улици.
-бул. Кузман Јосифовски Питу кон Центар,
-ул. Свети Кирил и Методиј кон бул. Водњанска,
-бул. Киро Глигоров во двете насоки,
-бул. Александар Македонски кон клучката Континентал,
-ул. 11 Октомври кон Центар,
-бул. Борис Трајковски кон Кисела Вода.
Центарот известува дека автобускиот сообраќај на сите улици и булевари се одвива непречено и без застој, а велосипедските патеки се чисти и проодни.