четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Данев: Гледам за година ипол не направивте апсолутно ништо, па да не зборуваме за некои поголеми чекори во врска со гасификацијата

Данев: Гледам за година ипол не направивте апсолутно ништо, па да не зборуваме за некои поголеми чекори во врска со гасификацијата

-За гасификацијата имате сто проценти согласнот од опозицијата. Ние веќе го почнавме тој проект во градот Скопје за таа секундарна гасификација, продолжете. Гледам за година ипол не направивте апсолутно ништо, па да не зборуваме за некои поголеми чекори во врска со гасификацијата детално во градот Скопје и општина Аеродром, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Данев на деншната Комисија за финансирање и буџет.

Тој потенцираше дека загадувањето во градот Скопје им беше приоритет број еден и топ тема на СДСМ во предизборитео и на локалните избори и за парламентарните избори.Тој ги потсети СДСМ дека ветуваа дека експресно и брзо ќе се зафатите со решавање на овој горчлив проблем за граѓаните на градот Скопје и општина Аеродром.

-Ветувавте гасификација, ветувавте еко-дрва, ветувавте низи дополнителни други мерки со кои што ќе се намали загаденоста во градот Скопје и Аеродром,но помина година ипол откако сте државна власт, повеќе од година време откога имате и локална власт и освен флоскулите дека има низи мерки, плановите се направени, стратегијата е направена, ништо конкретно граѓаните на градот Скопје и општина Аеродром не видоа, додаде Данев.